Професинална нега на коса Revlon Professional екслузивно од ПРО БЈУТИ МЈ

Заштита на лични податоци

Права на субјектот на лични податоци

Идентитет и контакт на податоците на Контролорот:

Назив: ПРО БЈУТИ МЈ ДООЕЛ Скопје

Седиште: Христо Татарчев 1/57, Скопје – Кисела Вода, Скопје

Контакт податоци на офицерот за заштита на личните податоци:

Име и презиме: Роберт Марковски

e-mail: info@probeauty.com.mk

Заштита на личните податоци

ПРО БЈУТИ МЈ посветува големо внимание на заштитата на личните податоци при работење, имплементирајќи ги стандардите поставени со прописите за приватност и заштита на лични податоци во Република Северна Македонија. Истите се подетално разработени во интерните Политики и процедури кои го сочинуваат системот на заштита на лични податоци (Политиката за приватност е објавена на нашата интернет страна: www.probeauty.com.mk).

Цели и правен основ за обработка на Вашите лични податоци

Субјектите кои се сопственици на личните податоци имаат право:

– Да бидат информирани за обработката на нивните податоци (обврска на компанијата)

– Да пристапат до нивните податоци и да ги дополнат, изменат, избришат или да бараат запирање на користењето на истите.

Барањето за пристап и измена на податоците се доставува во писмена форма на info@probeauty.com.mk

ПРО БЈУТИ МЈ Дооел е должна да одговори на корисникот во рок од 15 дена од денот на прием на барањето. ПРО БЈУТИ МЈ Дооел нема обврска повторно да одговори на исто или слично негово барање ако во меѓувреме нема промени во неговите лични податоци, освен ако изминале 6 (шест) месеци од денот на доставувањето на барањето.

Доколку корисникот не добие одговор, може да поднесе барање за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци пред Агенцијата за заштита на личните податоци.

По барање на корисникот, ПРО БЈУТИ МЈ Дооел е должна да ги дополни, измени, избрише или да го запре користењето на личните податоци, ако податоците се нецелосни, неточни или неажурирани и доколку нивната обработка не е во согласност со закон. Независно од тоа дали корисникот има поднесено барање за дополнување, изменување или бришење на личните податоци, доколку ПРО БЈУТИ МЈ Дооел утврди дека личните податоци се нецелосни, неточни или неажурирани, има право истите да ги дополни, измени или избрише. ПРО БЈУТИ МЈ Дооел е должна најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето, писмено да го извести субјектот на лични податоци за направените дополнувања, измени или бришења.

 

Рокови на чување на Вашите лични податоци

Податоците кои се обработуваат од страна на ПРО БЈУТИ МЈ Дооел се чуваат согласно законските рокови.

Доколку сметате дека е повредено некое ваше право за заштита на личните податоци, поднесете барање за утврдување на прекршок на прописите за заштита на личните податоци пред Агенцијата за заштита на личните податоци.

Кошничка (0)

Нема продукти во Кошничката.